Утрински Весник
Македонија

Нова фаза во судењето за „Пулс“: Одбраната предложи 244 сведоци

Whatsapp image 2025 12 02 at 09.50.27.jpeg

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани од 1 октомври продолжува со изведување на доказите на одбраната, која предложи сослушување на 244 сведоци. Обвинителството го заврши изведувањето на своите докази на 14 септември, беше соопштено на брифинг во Основниот кривичен суд Скопје.

Од почетокот на судскиот процес досега се одржаа 49 рочишта, без ниту едно одложување. Девет се одржаа во 2025 година, а останатите 40 годинава. До крајот на 2026 година се закажани уште 15 рочишта – шест во октомври, пет во ноември и четири во декември. Последното за годинава е предвидено за 24 декември.


На брифингот беше отворено и прашањето за притворот на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко, чиј законски рок, според информациите од судот, истекува на 3 октомври. Неговата одбрана најави дека ќе понуди имотна гаранција од речиси 200.000 евра. Од судот посочија дека сè уште го чекаат мислењето на Обвинителството, потребно за да одлучат.

Постапката ја води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Можете да прочитате

Мицкоски: Нашиот став и аргументи се јасни, ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение

Ужас во Скопје, 17 годишно момче силувал 15 годишно девојче

Муцунски на „Европски дијалози”: Проширувањето на Европската Унија е стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа