Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Гоце Делчев е симбол на непокорот

689773905 1511679133918704 5632919064170837896 n.jpg

На одбележувањето на 123 години од смртта на Гоце Делечв, присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој оддаде почит и положи цвеќе во чест на големиот македонски револуционер, истакнувајќи ја важноста на неговото дело за современата македонска држава.

„Гоце Делчев останува симбол на непокорот, визионерството и пожртвуваноста. Неговата идеја за слободна и праведна Македонија и денес претставува инспирација и обврска за сите генерации. Делото што го остави зад себе не е само дел од историјата, туку жив аманет кој нè повикува на единство, одговорност и истрајност во зачувувањето на националните вредности.


На денешниот ден, се потсетуваме дека борбата за правда, достоинство и напредок не завршува, туку продолжува низ нашите дела, посветеност и љубов кон татковината. Чествувањето на ликот и делото на Делчев е израз на почит кон минатото, но и залог за иднината.

Нека неговата жртва биде вечен поттик за градење општество засновано на слобода, еднаквост и просперитет“ се наведува во соопштението од Град Скопје.

Можете да прочитате

(Видео) Повторно гори отпад во Шуто Оризари

Две угинати кучиња во Кисела Вода, сомнеж за намерно труење

Традиционален планинарски марш на Водно за Денот на европското знаме