Утрински Весник
Македонија

Обезбедувач на Мицкоски завршил во притвор откако ја претепал сопругата

Lisici.jpg

Раде Ристовски кој е дел од обезбедувањето на премиерот Христијан  Мицкоски добил осум дена притвор за семејно насилство затоа што ја претепал неговата сопруга Сара, пишува ТВ24

Информацијата за ТВ 24 ја потврдуваат извори и од Кривичниот суд и од ОЈО ГОКК, но и од МВР.


Ристовски според информациите на ТВ 24 од полициски извори е дел од обезбедувањето на премиерот Мицкоски и бил на работна позиција како дел од обезбедувањето односно како претходница.

Според информациите на ТВ 24 Сара Ристовска е докторка и сопственичка на приватна ординација. Извори од Кривичниот суд велат дека Ристовски се гони за кривино дело за кое е предвидено затвор од шест месеци до три години. 

Можете да прочитате

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци

Димитриевски: ЗНАМ ќе излезе од Владата ако правосудниот испит се полага и на албански

Од Прилеп во 10, од Охрид во 11, од Ресен во 12 часот – распоред за превозот до Алта банка