Утрински Весник
Скопје

Општина Аеродром воведе иновативна технологија за почисти и побезбедени детски градиники 

Nova tehnologija za cistenje2.jpg

Општина Аеродром, во соработка со компанијата ЕКОТИП, воведе современа Tersano SAO® технологија за чистење, дезинфекција и дезодорирање во сите објекти на детската градинка „Буба Мара“, со што се поставуваат нови стандарди за хигиена, безбедност и грижа за здравјето на децата.

Денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и комерцијалната директорка на ЕКОТИП, Ина Милошевска, извршија увид во функционирањето на новата технологија што веќе се применува во повеќе објекти на територијата на општината.


Станува збор за иновативен и еколошки систем кој преку стабилизирана озонска технологија создава средство за чистење и дезинфекција без употреба на агресивни и штетни хемикалии. Овој систем овозможува ефикасно уништување на 99,9% од бактериите, вирусите и други патогени микроорганизми, а притоа е безбеден за секојдневна употреба во простории каде што престојуваат децата.

Општина Аеродром и во иднина продолжува со имплементација на современи практики и технологии кои обезбедуваат поквалитетни услови за децата и повисоки стандарди во јавните установи.

Можете да прочитате

Градоначалникот Митески потпиша договор за финансиска поддршка на пензионерите

Интензивни активности на новиот спортско-рекреативен центар во Радишани

Град Скопје организира летен наставно-научен едукативен камп за средношколците од главниот град