Утрински Весник
Македонија

92годишна жена удрена од автомобил

Brza Pomos 1.webp.webp

На 13.05.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје e пријавено дека на ул.„Багдадска” во Скопје, товарно возило „фиат дукато” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(60) од с.Волково, скопско, удрило во 92-годишната М.К. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.


Можете да прочитате

Македонија бара инвестиции, а една од најголемите „Иловица – Штука“ веќе со години стои на пауза

Натпросечно топло лето, јули месец со најголемо отстапување на температурата на воздухот

Средба на пратениците од Левица со рускиот амбасадор