Утрински Весник
Политички Партии

Општина Аеродром објави јавен повик за финансиска поддршка за развој на спортот вторпат годинава

Општина Аеродром денеска објави втор јавен повик за 2022 година за доделување финансиска поддршка на спортските клубови и спортските здруженија што извршуваат јавен интерес за развојот на спортот во општината.

dobivaj vesti na viber

Финансиската поддршка е поделена во две категории, и тоа за спортските клубови и спортските здруженија што извршуваат јавен интерес за развојот на спортот во општината и за организирање и реализација на спортски манифестации.

Рокот за поднесување на пријавите е седум работни денa, почнувајќи од денеска, 21.9.2022 година, до 29.9.2022 година, а огласот е објавен и на веб-страницата на Општина Аеродром на следниов линк http://aerodrom.gov.mk/vest/8995, на кој може да се видат условите за повикот и начинот на пријавување.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт