Утрински Весник
Македонија

Општина Аеродром инвестира во капитални проекти за граѓаните, фокусот е ставен на зелен и хуман развој на општината

Општина Аеродром инвестира во капитални проекти за граѓаните, фокусот е ставен на зелен и хуман развој на општината

Транспарентност, ефикасност и оптимизација на трошоци. Во изминатата година Општина Аеродром покажа дека инвестира и се грижи за граѓаните, но и со оптимизација на трошоците и домаќинско работење заштедува средства и вложува во нови капитални проекти и инвестиции.

dobivaj vesti na viber

Овој начин на работа продолжува и во наредниот период. Општина Аеродром во моментов го проектира буџетот за 2023 година во кој планираме инвестиции во неколку важни и капитални проекти. Проектирање и почеток на изградбата на две детски градинки и изградба на нов плоштад зад Капитол, доградба и надградба на две училишта и нови паркови во Аеродром се само дел од капиталните проекти кои ги најавуваме на следната година.

Важно е да се спомене дека фокусот ставен на зелен и хуман развој на општината продолжува и во следниот период со многу поголем интензитет и динамика. Тоа подразбира дека сите нови објекти кои Општина Аеродром ќе ги изгради во следниот период ќе имаат систем за енергетска обновливост и енергетска ефикасност.

Општината ги намалува непродуктивните трошоци и вложува во капитални проекти. За првпат Општина Аеродром следната година ќе издаде „зелена обврзница“ која ќе биде поддршка во реализација на капиталните инвестиции во време на економска и енергетска криза.

Следната 2023 година ќе биде година на интензивни капитални инвестиции. Граѓаните на Аеродром заслужуваат модерна и развиена општина. Општина во која се инвестира, се градат капитални проекти. Општина во која се реализираат голем број проекти и каде европските стандарди интензивно се реализираат и имплементираат, за што говори и последното признание кое Аеродром го доби од страна на Советот на Европа.

Можете да прочитате

Ученици од Скопје и Крива Паланка на  церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски

Кога еко-активизмот станува блокада за развојот?