Утрински Весник
Спорт

Кина се уште е во Ф1 календарот

Кина се уште е во Ф1 календарот
Ss2

Големата награда на Кина во Формула 1, која не се одржува од 2019 година поради пандемијата на коронавирус, моментално сè уште се наоѓа во календарот за сезоната 2023 година, изјави портпаролот на Формула 1.

dobivaj vesti na viber

Британскиот јавен сервис Би-би-си, вчера објави, дека трката ќе биде откажана поради строгите политики на земјата за коронавирус.
„Продолжуваме да ја следиме ситуацијата со Ковид-19 во Кина и одржуваме близок контакт со властите. Кина е вклучена во календарот за 2023 година и додека не објавиме поинаку, останува како што е планирано“, велат од Формула 1.

Ss1

Големата награда на Кина, која се одржува во Шангај, е закажана за 16. април 2023 година и треба да биде четврта трка во сезоната, во која треба да се возат рекордни 24 трки. Доколку биде откажана, тешко дека датумот ќе биде презакажан. Сезона од 23 трки сепак би била рекорд.

„Главната точка на расправа е дека персоналот во Ф1 нема да биде ослободен од карантин во случај на инфекција со Ковид-19“, објави Би-би-си.

Кина решително спроведува политика на нулта толеранција за Ковид-19 која вклучува строги забрани, карантин за оние кои се позитивни и речиси секојдневни ПЦР тестови, што предизвикува зголемено незадоволство кај населението.

Ss1

Можете да прочитате

Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине