Утрински Весник
Македонија

Опасен тренд: Десеттина деца повредени поради предизвикот „Супермен“ на „Тик ток“

Tik Tok.webp.webp

Единаесет деца се повредени и се примени во градската болница во Скопје по новиот предизвик на социјалната мрежа „Тик ток“, а двајца од нив се со скршеници на рацете, потврди за МИА в. д. директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Небојша Настов.

Неофицијално тој број е и поголем поради тоа што дел од малолетниците се пријавуваат во приватните болници, дознава 24инфо.мк.

Предизвикот кој кружи меѓу малолетниците е следен- група деца се снимаат како скокаат напред имитирајќи го Супермен, врз испружените раце на нивни врсници, кои потоа треба да се одбијат од рацете и да застанат на подот на исправени на нозе.

Но често пат „Суперменот“ не го фаќаат оние кои го исфрлаат и тој завршува на земја, често пати со тешки скршеници.

Дека оваа игра/предизвик е „тренд“ потврдува и фактот оти со фрактури и повреди се здобиваат и деца во земјите во регионот. Низ повеќе држави во светот досега повеќе пати интервенирале медицински тимови.

Можете да прочитате

Земјотрес ги разбуди скопјани – Епицентарот во Албанија

Груби се повлекува од јавниот живот

Мијалков му беше главен ментор на Груби, вели Изет Меџити