Утрински Весник
Македонија

Трагичен крај на потрагата: 31-годишниот скопјанец пронајден мртов во Охридското Езеро

Ezerska policija.jpg

Трагично заврши потрагата по 31-годишниот Б.С. од Скопје, кој претходно беше пријавен за исчезнат додека престојувал со својот татко во автокамп во Охрид.

Според информациите од МВР, на 15 септември 2026 година, околу 22:00 часот, по преземени мерки од полициски службеници од Езерската полиција и од СВР Охрид, Б.С. бил пронајден починат во водите на Охридското Езеро.


Телото било пронајдено во близина на автокамп, на околу 50 метри од копното.

На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, при што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. Идентитетот на починатиот бил потврден од член на неговото семејство.

По насоки на јавен обвинител, врз телото на 31-годишниот скопјанец ќе биде извршена обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.

Исчезнувањето на Б.С. било пријавено еден ден претходно. На 14 септември во 18:10 часот, неговиот татко З.С. (68) од Скопје пријавил во СВР Охрид дека неговиот 31-годишен син исчезнал.

Таткото и синот заедно престојувале во автокамп во Охрид, по што започнала потрагата по исчезнатиот маж. Наредната вечер неговото тело било пронајдено во езерото.

Можете да прочитате

Платформата 12:05 за промени во СДСМ излегува на нова трибина на 26 септември!

Нова кривична пријава против Рамиз Мерко

МИЛИОНИ „ИСПРАНИ“ ПРЕКУ ФАКТУРА ЗА ПИЛЕШКИ НОЗЕ: Кривична за пет лица и две фирми