Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ пак посилен од Чилиќ за титулата од Тел Авив

Ѓоковиќ пак посилен од Чилиќ за титулата од Тел Авив

Новак Ѓоковиќ без многу мака, со 6:3/6:4 го совлада хрватскиот ривал Марин Чилиќ за да ја освои титулата на АТП 250 турнирот во Тел Авив, Израел и да ја продолжи доминацијата во меѓусебните дуели на двајцата ветерани.

dobivaj vesti na viber

На Србинот му беше доволен еден брејк за 3:1 водство во првиот сет, по што веднаш во вториот брејк направи уште еден брејк, за да го комплетира мечот за час и 35 минути игра. Ова беше неверојатна 19-та победа во 22 меѓусебни мечеви за Ѓоковиќ.

На Софија опен, пак, Швајцарецот Марк-Андреа Хислер ја освои својата прва титула во кариерата со 6:4/7:6(8) победа над данскиот тинејџер, Холгер Руне. 26-годишниот Хислер е првиот Швајцарец кој освоил АТП титула по Роџер Федерер кој триумфираше на домашниот турнир во Базел во 2019 година. Руне останува на една титула во кариерата, откако во мај победи на Минхен опен.

Чехинката Барбора Крејчикова ја изненади првата носителка и домашна фаворитка, Анет Контавеит со 6:2/6:3 во финалето на првиот Талин опен во Естонија за да ја освои својата четврта титул во кариерата. За Контавеит пак, ова беше прв пораз по 24 победи на индорс хардкорт подлога.

Можете да прочитате

Милан и со играч повеќе немоќен во Рим, Баер ја продолжи серијата без пораз, Ливерпул елиминиран

Македонските девојки на ЕП-2024 ќе играат во Унгарија

Карло Анчелоти откри кои играчи на Реал Мадрид одбиле да шутираат пенали