Утрински Весник
Свет

Земјите од ЕУ почнаа координирано да ги покануваат руските амбасадори на консултации

Земјите од ЕУ почнаа координирано да ги покануваат руските амбасадори на консултации

Земјите од Европската Унија почнаа да ги покануваат руските амбасадори на консултации, како дел од координиран одговор на руската анексија на украински територии, изјави денеска претставник на ЕУ за ДПА.

dobivaj vesti na viber

Германија го повикала рускиот амбасадор во Берлин, потврди германското Министерство за надворешни работи за ДПА. Руските амбасадори во Италија, Австрија и Данска во понеделник беа поканети на разговори во Министерството за надворешни работи. Белгија веќе го покани рускиот амбасадор во петокот.

Овој потег беше координиран од Европската служба за надворешни работи, изјави за ДПА извор од дипломатијата на ЕУ.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот прогласи анексија на четири украински региони – Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје – откако Русија одржа референдуми на окупираните територии на Украина.

Западните влади и Киев рекоа дека референдумите го прекршуваат меѓународното право и дека се принудни и нерепрезентативни.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во телефонски разговор со претседателот Володимир Зеленски ја повтори поддршката на неговата земја за Украина.

Макрон го увери својот украински колега во решеноста на Франција да и помогне на Украина да го врати целосниот суверенитет и територијален интегритет и да соработува со европските партнери за новите санкции, објави Елисејската палата.

Можете да прочитате

Уапсен полски државјанин вплеткан во организација за наводен атентат на Зеленски

САД ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН

САД и В.Британија воведоа санкции кон Иран