Утрински Весник
Спорт

Јокиќ постигна тројка за победа, а Леброн Џејмс стигна до 38.000 поени во НБА лигата

Јокиќ постигна тројка за победа, а Леброн Џејмс стигна до 38.000 поени во НБА лигата
Ss2

Српскиот центар Никола Јокиќ повторно ја потврди класата. Тој се врати на теренот по пауза од еден меч поради повреда на раката и веднаш блесна во полн сјај. Двојниот МВП играч им донесе победа на Денвер Нагетс со 119:116 над Орландо Меџик во НБА караванот со тројка на две десетинки пред крајот на натпреварот.

dobivaj vesti na viber

Џамал ​​Мареј го предводеше последниот напад за актуелниот водечки тим на Западот на 15 секунди до крајот. Тој ја додаде топката до Јокиќ, кој успеа од тешка позиција да погоди тројка за шеста последовна победа на Денвер, осма во последните девет натпревари.

300x250 (7)

Српскиот ас го заврши натпреварот со својот 12. трипл – дабл сезонава. Имаше 17 поени, 14 асистенции и 10 скока.



По вторпат во два дена, Портланд Трејлблејзерс го совладаа Далас. Овојпат работата им беше олеснета бидејќи Лука Дончиќ не играше, а резултатот беше 140:123.

Тимот од Тексас издржа до последниот дел кој Портланд го доби со 42:28. Лилард беше најдобар со 40 поени, три скока и шест асистенции. Нуркиќ за 20 минути имаше исто толку поени со четири асистенции и четири скока.

Во редовите на Далас во отсуство на Дончиќ, Динвиди постигна 28, Харди уфрли 25, а Вуд 23 поени.

Филаделфија предводена од Ембиид беше подобра од ЛА Лејкерс во Лос Анџелес 113:112 во исклучително интересен натпревар. Центарот од Камерун постигна 35 поени, додека Харден имаше 24 поени и 13 асистенции.

Леброн Џејмс повторно беше одличен. Тој стигна до 35 поени, 10 скока и осум асистенции, со што стана вториот кошаркар по Карим Абдул Џабар во историјата на НБА кој постигнал над 38.000 поени, но сето тоа не беше доволно за победа на неговиот тим.

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер