Утрински Весник
Спорт

Јокиќ казнет со 50 илјади долари

20260427112845 big 730x400 79.webp.webp

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е казнет со 50.000 долари за учество во тепачката на крајот од четвртиот натпревар од плејоф серијата во првото коло на НБА против Минесота Тимбервулвс.

Натпреварот заврши со победа на Минесота со 112:96. Инцидентот се случи на 2,1 секунди до крајот, кога Џејден Мек Дениелс постигна кош со неговиот тим поведе со 14 поени разлика.


По инцидентот, на Јокиќ и Џулиус Рендл им беа изречени технички грешки и беа исклучени. Лигата пресуди дека српскиот играч ја предизвикал тепачката туркајќи го МекДениелс, а Рендл ја ескалирал ситуацијата интервенирајќи и туркајќи го играчот на Денвер, Брус Браун.

Рендл е казнет и со 35.000 долари. Двајцата играчи ќе можат да играат во петтиот натпревар од серијата, кој ќе се одржи во Денвер.

По четири натпревари, Денвер губи во серијата со 3:1. Следниот натпревар ќе се одржи на домашната арена на Нагетсите на 28 април.

Можете да прочитате

Австрија убедлива против Јордан на Мундијалот

Хет-трик на Меси против Алжир

Мбапе со двоен удар ја одведе Франција до победнички старт