Утрински Весник
Спорт

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл

D0b7d0b2d0b5d180d0b5d0b2 D0b7d0b0d0b3d183d0b1d0b8 D0bed0b4 D188d0b0d0bfd0bed0b2d0b0d0bbd0bed0b2 D0bdd0b0d0b4d0b0d0bb D0bbd0b5d181d0bd 63dabc1b58973.jpeg

Надалеку одекна веста дека можеме да гледаме дерби во второто коло на Олимписките игри – Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, уште еднаш како во старите добри времиња. Сепак, сега тој дуел не е сосема извесен бидејќи и пред двајца тенисери да го минат првото коло, еден од нив може да не се појави на теренот.

За да се случи дуелот меѓу титаните, Ѓоковиќ ќе треба да ги помине Ебден од Австралија, а Надал Фучовиќ од Унгарија. Сепак, според шпанскиот „Релево“, Рафа Надал може да се повлече од сингл конкуренцијата бидејќи боледува од повреда на препоните.

-Сакаме да видиме во следните 48 часа како ќе напредува и како ќе закрепне. Ако се биде нормално и ако биде добро, тој ќе игра во сабота, изјави тренерот на Рафа Надал, Карлос Моја.

Сомнежите за подготвеноста на Надал почнаа уште во вторникот кога тој неколкупати изјави дека му е потребен одмор за време на тренингот на теренот „Филип Шатрије“. Тој се пожали и на состојбата со раката. Денеска тој го откажа тренингот и тоа дополнително ги подгреа сомнежите. Надал имаше напорна недела во шведски Бастад каде го загуби финалето.

Се очекува Надал да биде сигурен на теренот за двојки, каде што најверојатно ќе има помалку напор и каде што има големи надежи бидејќи игра со светскиот рекет број три, Карлос Алкараз. 

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари