Утрински Весник
Македонија

Одговорност ќе има, после 20 години за прв пат се расчистува ваков случај на Онкологија, велат од СДСМ

Ако се покачи само минималната плата за хигиеничарите, тогаш на медицинарите им се дава сигнал да си го фатат патот, порача Синдикатот

„После 20 години, за прв пат се спроведува една ваква обемна акција на Онкологија, се расчистува грозен криминален случај и тоа од надлежни институции и Влада предводена од СДСМ. Сите институции ја имаат нашата силна поддршка за целосно разрешување и откривање на сите одговорни, во целиот временски период, години наназад“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Секој криминал има свое име и презиме и одговорност на сите инволвирани ќе има. Никој нема да биде заштитен и никој нема да биде поштеден.

Повикуваме да не се прави сензационализам и напад на сите доктори и медицински сестри во државата, да не заборавиме дека најголем дел од медицинските лица се извонредни, чесни и професионални кадри кои се грижат за здравјето на нашите граѓани.

Политизација и злоупотреба на случајот е недозволива, треба институциите да се поддржат што поскоро да ги изнесат одговорните пред лицето на правдата.

СДСМ нема да дозволи кој било да се богати на сметка на здравјето на луѓето, ниту пак политички да се злоупотребува случајот од криминални партии како ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

Можете да прочитате

Во скопски Чаир запалени три возила

Тошковски и Мисајловски на заедничка алпинистичка вежба на Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални задачи „Волци“

Во Скопје балкански самит за влијанието на вештачка интелигенција во модерното време