Утрински Весник
Свет

Одеса нападната со руски дронови, погоденото пристаниште на Дунав

Одеса нападната со руски дронови, погоденото пристаниште на Дунав

Рано утринава Русија изврши трииполчасовен напад со беспилотни летала врз јужните делови на областа Одеса, погодувајќи ја пристанишната инфраструктура на реката Дунав, објавија украинските воздухопловни сили на комуникациската платформа Телеграм.

dobivaj vesti na viber

Украинските системи за противвоздушна одбрана соборија 22 од 25-те ирански дронови „Шахед“ кои Русија ги користеше за напад на Одеса во раните утрински часови во неделата, напишаа воздухопловните сили на Телеграм.

Украинската јужна воена команда на социјалните мрежи објави дека најмалку двајца цивили се повредени во нападот на, како што ја нарекоа, „цивилната инфраструктура на Дунав“. Дунав стана главна рута за извоз на жито на Украина, откако во јули пропадна договорот спонзориран од Обединетите нации, кој му дозволи на Киев да го транспортира своето жито преку Црното Море.

 

Можете да прочитате

100.000 британски ветерани добиле писмо од министерството: „Подгответе се за војна“

ОН би можеле да влезат во 2027 година без генерален секретар: Големите сили не можат да се договорат

Најмалку 30 загинати во пожар во близина на Каиро, експлодирале плински боци во камион