Утрински Весник
Скопје

Одбележување на Светскиот ден на уметноста со настанот „Центарски улици 3“

20250414183304 big 730x400 5.webp.webp

На улица „Македонија“ денеска со почеток од 17 часот, Светскиот ден на уметноста ќе се одбележи со настанот „Центарски улици 3“.

Ќе настапат улични живи статуи од продукцијата Театроск, во живо ќе сликаат учениците од Државното средно училиште Лазар Личеноски, ќе има и ДЏ Сетови, ќе се одигра кореодрамата „Самоти(и)ја“ со Енџи Николоска и Бојан Лазаров, а ќе се случи и подвижниот акт именуван „ЗАЕДНО“ кој ќе се создаде на работилницата на пантомима и уличен театар, акт кој е поддржан од Делегацијата на ЕУ во РСМ (ЕУ за тебе).


Центарски улици 3 – Светски ден на уметноста е проект поддржан од програмата за култура на Општина Центар.

Можете да прочитате

Се асфалтира улицата „Симеон Кавракиров“ во Мичурин

Герасимовски: Центар обезбеди згрижување за 116 деца од училишна возраст во градинките

Дел од централното градско подрачје денеска без вода