Утрински Весник
Магазин

Одбележување на Денот на македонските рудари во Радовиш

20240827191143 Big 730x400 73.webp.webp

По повод Денот на македонските рудари и Денот на Радовиш денеска во овој град ќе биде организирана музичка вечер.

– Најдоброто од македонската музичка сцена ќе се сплоти во едно кога маестро Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе бенд ќе ги изведе своите најголеми хитови. Спектаклот започнува во 21:00 часот и ќе трае два часа, носејќи ги присутните низ три децении музички креации како „Хотел Македонија“, „Каква е оваа ситуација“, „Да си жив и здрав“ и многу други. Прославата ќе продолжи во 23:00 часот со настапот на екс-ју рок иконите Црвена јабука, велат организаторите.

Тие додаваат дека вечерта ќе биде вистинско музичко патување низ времето, посветено на сите љубители на добрата музика.

Можете да прочитате

Сончевото затемнување на 2 октомври: Време за пресврт и промени

Зоки Фаци ќе оди на ризична операција на 18 септември во Скопје

Денес е празник кој на жените им ја исполнува најголемата желба: Се празнува полагањето на појасот на Пресвета Богородица