Утрински Весник
Македонија

Дијаспората да гласа онлајн на изборите, предвидуваат измените на Изборниот законик

Izbori.jpeg

Работната група за Изборниот законик вчера одржа уште еден состанок каде тема на разговор биле неколку теми, дознава 24инфо.мк од свои извори.

Една од клучните новини што се предвидува со измените е дијаспората да гласа онлајн на изборите, промена која наишла на поддршка од повеќето партиски претставници во работната група.


Сепак на ваквите измени се спротивтавиле дел од помалите политички партии, аргументирајќи дека дијаспората ќе биде привилигирана во однос на домицилните гласачи.

Во Македонија во одредени општини постојат гласачки места кои се тешко достапни за дел од глсачите, но со новите измени на Изборниот законик тие и натаму ќе се мачат да го остварат своето право на глас, додека пак македонските гласачи што живеат во Европа, САД, Австралија…гласањето ќе го извршат од удобноста на својот дом.

Како што соопшти вчера Министерството за правда, политичките партии во текот на денешниот ден по електронски пат треба да се произјаснат за одредени предлози по што се очекува да се  подготви законското решение кое ќе произлегува од усогласените решенија  и  ќе се достави во понатамошна процедура.

Тоа значи дека законското решение ќе се донесе релативно брзо и покрај отсуството на најголемата опозициска партија СДСМ, која пред неколку месеци ја напушти работната група.

Можете да прочитате

Земјотрес регистриран доцна вечерва во Македонија

Регистрирани 15 пожари на отворено – седум се изгаснати, шест се активни, а два се под контрола

ВЛЕН: Расипаната плоча на ДУИ не ја брише одлуката на Груби за казината