Утрински Весник
Македонија

Од вторник повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Fb Img 1716121140520

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на ноќта кон вторник и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Потоа во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер..

Во Скопје, во текот на ноќта кон вторник и во вторник ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и локална појава на град. Повремен пороен дожд со грмежи ќе има и во среда и четврток.

Од УХМР, препорачуваат во случај на појава на електрични празнења поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Можете да прочитате

Никој не сака да ја менува компресорската станица во Клинички центар

До петок сончево и многу топло, за викендот дожд и пад на температурите

Демант на ЈП Комунална хигиена Скопје: Комуналниот отпад во општина Аеродром се собира редовно