Утрински Весник
Македонија

Од понеделник, скопскиот аеродром станува „тивок“ аеродром, објавија од ТАВ

Silent.jpg

Од 3-ти февруари, понеделник, Меѓународниот Аеродром Скопје станува тивок аеродром, објави компанијата ТАВ.

„Тоа значи дека од понеделник, 3.2.2025 година, на скопскиот аеродром нема да се објавуваат дополнителни гласовни најави за летови преку разгласот, освен пред почеток за качување во авион (бординг) кај Излезите.


Затоа, ги замолуваме и апелираме до сите патници да ги следат екраните и мониторите каде се прикажани информациите за летовите, картата за качување во авион и сите известувања што ги добиваат за нивниот лет од авиокомпанијата со која патуваат.

Веруваме дека намалената бучава дополнително ќе го подобри патничкото искуство на аеродромот“ се наведува во објавата на ТАВ.

Можете да прочитате

ИКС: Во пресрет на изборите е потребна мобилизација за справување со странско мешање

Работна средба Минчев – Скот Хејзлет, акцент ставен на активности за отворена, транспарентна и отчетна власт

Татко и двајца синови осомничени за насилство на гробишта во Бутел