Утрински Весник
Македонија

Работна средба со Судскиот совет за актуелните состојби и реформите во правосудството

Image 2026 09 14 141110096.png

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работен состанок со претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски и членовите на Судскиот совет на кој беа разгледани актуелните состојби во правосудството, предизвиците со кои се соочува Судскиот совет и можностите за нивно надминување.

Се разговараше и за тековните реформи во правосудството, потребата од унапредување на институционалните капацитети и заеднички пристап кон надминување на идентификуваните проблеми.


Ефикасното и независно правосудство е темел на владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите. Затоа, неопходно е да се продолжи со отворен институционален дијалог и посветеност на конкретни решенија што ќе придонесат за поквалитетно, независно и поефикасно правосудство.

Можете да прочитате

Славески: Медиумите ја урнаа Алта банка

Миноски: Пензионерите без картички не смеат да останат без средства за живот

Миноски: Граѓаните чекаат плати и пензии од Алта банка, мора да знаат кога ќе можат да располагаат со своите пари