Утрински Весник
Македонија

Од полноќ намалување на цените на горивата

Goriva 308648 329693 330502.jpg

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91 % во однос на одлуката од 26.7.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,393 %, кај дизелот 2,418 %, кај екстра-лесното масло 2,668 % и кај „мазутот“ намалувањето е 1,018%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,1439 %.

Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/л.

Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 се намалуваат 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,275 денари/кг и сега ќе изнесува 44,381 денари/кг.

Можете да прочитате

Пронајдено безживотно тело во водите на Вардар

Енес Ибрахим оствари официјална средба со лидерот на ЏХП, Озгур Озел во Турција

Заврши дводневниот стрип маратон „24 часовно цртање на стрип“