Утрински Весник
Македонија

НАТО воведе нов стандард 5% од БДП за одбрана и безбедност вели Шеќеринска

Img 8787.jpeg

Дури 95 проценти од клучната воздушна одбрана на Украина, која ја штити земјата од руските ракетни напади, се обезбедуваат преку директните програми на НАТО, додека 99 проценти од целокупната меѓународна воена и безбедносна помош доаѓа од земјите-членки на Алијансата. Ова го истакна заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во ексклузивно интервју за 4tv.mk, реализирано за време на Самитот на НАТО во Анкара, Турција.

Шекеринска нагласи дека способноста на Украина да се брани од руската агресија е речиси целосно зависна од поддршката на сојузниците, како преку испорака на современи системи за воздушна одбрана, така и преку финансиска и логистичка помош.


Според неа, на Самитот во Анкара е потврдена финансиска поддршка од 70 милијарди американски долари за Украина во текот на оваа година, а истиот износ е гарантиран и за 2027 година, што претставува силен сигнал за долгорочната посветеност на НАТО кон украинската безбедност.

„Минатата година произлезе договорот за 5 проценти од БДП. Тој е распределен како 3,5 проценти за традиционална (конвенционална) одбрана и уште 1,5 процент за придружни работи кои се исто така клучни за одбраната“, изјави Шекеринска за 4tv.mk.

Таа објасни дека новата формула за издвојување средства за одбраната веќе се применува во рамките на Алијансата и претставува значително зголемување во однос на досегашната цел од 2 проценти од БДП.

Според Шекеринска, новиот модел веќе носи конкретни резултати. Европските сојузници и Канада само во изминатата година ги зголемиле своите одбранбени буџети за околу 20 проценти, со што се испраќа јасна порака дека Европа презема поголема одговорност за сопствената безбедност и за колективната одбрана во рамките на НАТО.

Таа оцени дека засилените инвестиции во одбраната, заедно со континуираната поддршка за Украина, остануваат меѓу клучните приоритети на Алијансата во услови на продолжена безбедносна неизвесност во Европа.

Можете да прочитате

Шекеринска: Македонија мора да го искористи кредибилитетот во НАТО за деблокада на патот кон ЕУ

Филипче: Платформата е обид за дефокус од тоталниот дебакл на власта

Шекеринска со силна порака од Самитот на НАТО: Путин нема да ја скрши Украина