Утрински Весник
Македонија

Од грип починаа две лица кои не биле вакцинирани – бројот на заболени се уште многу висок

Klinicki.webp.webp

Во текот на 5-та недела од 2025 година (27.01-02.02.2025), во Македонија се пријавени 3.036 (I=165,3/100.000) случаj на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7% повеќе во споредба со претходната недела (n=1.878), информираат од Институтот за јавно здравје.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 5-та недела од минатата сезона (n=1.653) е зголемен за 83,7%, а во споредба со бројот за 5-та недела од типичната епидемиска крива, зголемен е за 35,4%.


Во однос на возрасната дистрибуција, 1.650 лица се на возраст од 15-64 години, 720 кај деца на возраст од 5-14 години, 412 кај деца на возраст од 0-4 години и 254 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца (426,9/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години, а кај децата од 5-14 години инциденцата изнесува 335,2/100.00.

Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 978, Кавадарци – 327, Струмица – 320, Куманово – 168, Охрид – 156, Битола – 143, Штип – 103, а во останатите, бројот на заболени е ≤100.

Во текот на оваа недела, пријавени се два смртни случаи асоцирани со грип. Се работи за лица на возраст од 59-77 години од Скопје и Свети Николе кои биле хоспитализирано во КИБФС и КБ Штип. Кај починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09 и Influenza A – несубтипизиран.

Можете да прочитате

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец