Утрински Весник
Македонија

Пет лица уапсени во Скопје за предизвикување пожари

Pozar apsenje.jpg

„На 22.09.2026 во 13:15 часот во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.П.(63) од Битола. Тој бил забележан како во 13:00 часот на ул.„Максим Горки“ подметнува пожар на подземни контејнери. Набргу, по преземени мерки, тој е пронајден и лишен од слобода. Пожарот го изгаснала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

На 23.09.2026 во 00:10 часот на подрачјето на Бутел во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Б.И.(24), Џ.Љ.(26) и Р.Б.(21) од с.Света Петка, скопско, како и А.Џ.(20) од с.Сарај, скопско. Тие се сомничат дека запалиле огномет на нива, по што настанал пожар од кој изгорела сува трева на површина од околу 1000 метри квадратни. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита“ соопштија од МВР.


Оттаму, додаваат дека против сите лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

ОЈО отвори истрага за нападот врз лекар во поликлиниката „Букурешт“

Две и пол години затвор за Гордана Филиповиќ за смртта на пешакот кај Мостот „Гоце Делчев“

Првиот ден од есента донесе снег на Пелистер