Утрински Весник
Македонија

Од денеска во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење

Lichni karti.webp.webp

Министерството за внатрешни работи од денеска почнува со нов начин на издавање лични карти за жителите на Скопје.

– Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на Град Скопје доведе до заклучок дека е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава, стои во соопштението. 

МВР информира дека од денеска почнува нов процес за издавање лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици, според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта.

Секој граѓанин ќе може да пристапи во кој било период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта

Можете да прочитате

Од Србија екстрадиран Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец

Алиу: Денес го направивме еден од најважните чекори за модернизација на македонското здравство

Border bites целодневен настан во сабота во Дојран