Утрински Весник
Македонија

Обвинителството бара притвор за Груби и Бајрами – двајцата не се во државава

Obvinitelstvo 1.jpeg

Вечерва скопското обвинителството сподели детали за случајот “Лотарија”, а воедно информира и дека бара притвор за првоосомничениот и второосомничениот, односно за Прпарим Бајрами, поранешниот директор на Лотарија и екс вицепремиерот Артан Груби.

-Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, со цел притворската мерка да започне да се спроведува веднаш по нивното пронаоѓање и лишување од слобода, информираа од Обвинителството.


Груби во текот на вчерашниот ден ја напушти државата и замина за Косово, а пред неколку недели истото го сторил и Бајрами.

За останатите четворица опфатени со истрагата обвинителството бара мерки на претпазливост.

Можете да прочитате

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Досега регистрирани 138 шумски пожари, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Ангелов: Повеќе од 60 луѓе го гасат пожарот кај с. Белица во М. Брод, куќите нема да бидат загрозени