Утрински Весник
Спорт

Обрадовиќ: Ова е мој клуб, мој град, на ниту едно друго место не е како во Партизан

20240427174706 Big 730x400 34.webp.webp

Тренерот на кошаркарките на белградски Партизан, Жељко Обрадовиќ, изјави денеска дека неговиот престој во клубот никогаш не бил доведен во прашање и истакна дека ќе направи сè што е во негова моќ со цел црно-белиот тим да биде уште подобар.

„Благодарам на сите за довербата да го водам Партизан и во следните две години. Благодарам на сите луѓе од управата што се договоривме за продолжување на соработката, ова беше заедничка желба.“, рече Обрадовиќ на прес-конференција во Белград.

Обрадовиќ, кој се врати во Партизан во 2021 година, денеска го продолжи договорот со црно-белите на уште две сезони.

„Откако се вратив, целта ми беше Партизан да биде редовен член на Евролигата. Ова е клуб што го чувствувам, ова е клуб што го сакам и можам да повторам дека сум навистина среќен што ќе продолжам да работам во Партизан во наредниот период“, рече Обрадовиќ.

Тој истакна дека е привилегија да се работи со луѓе кои имаат иста цел и кои ги врзува љубовта кон Партизан.

„Играв во Партизан во 1984 година, сега е 2024. Ме почитуваа секаде каде што работев, но ова е мојот клуб, мојот град, мојот народ“, изјави Обрадовиќ.

Можете да прочитате

Дисциплинската комисија на Евролигата го казни Панатинаикос со 24.000 евра

Тим се пензионира на крајот на сезоната

Борусија ќе заработи повеќе ако загуби од Реал во финалето