Утрински Весник
Македонија

Објавени сите советници на Мицкоски, вкупно 17 на број

Mickoski.webp.webp

Под притисок на јавноста и медиумите Владата ги објави имињата на надворешните советници кои го советуваат премиерот Христијан Мицкоски, но не и нивните хонорари.

Мицкоски има 17 советници а меѓу нив и поранешни државни високи функционери како Зоран Ставрески, Трајко Вељаноски, Владимир Пешевски, но и екс директори на УБК како Љупчо Андоновски, кој е и татко на министерот за администрација и дигитализација Стефан Андоновски.


Во продолжение списокот на советници на Мицкоски:

Јоханес Хајдекер / Надворешен советник – интегриран експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на претседателот на Владата за подготовка на целни документи за политики, анализи и совети до премиерот и координација со другите ресорни министерства при подготовка и имплементација на владините економски политики со јасна стратешка ориентација кон процесот на пристапување во ЕУ

Цветко Мицевски, Надворешен советник за инфраструктура
Проф. д-р Гоце Наумовски / Надворешен советник за прашања од областа на правото
Проф. д-р Лазар Јовевски / Надворешен советник за труд и социјална политика
Проф. д-р Александар Спасеновски / Надворешен советник за европски прашања
Снежана Трпевска / Надворешен советник за унапредување на образование, здравство и социјална заштита и спроведување на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост
Владимир Пешевски / Надворешен советник за стратешки прашања од областа на економијата
Зоран Ставревски / Надворешен советник за финансии и банкарство
Горан Николовски / Надворешен советник за стратешки прашања од областа на безбедноста
Шенер Биљали / Надворешен советник за односи меѓу заедниците
Трајко Вељаноски / Надворешен советник за собраниски, политички и правосуден систем
Мимоза Рајл / Надворешен советник за култура
Љубчо Андоновски / Надворешен советник за национална безбедност
Проф. д-р Јован Пејковски / Надворешен советник од областа на политичките и економските науки

Проф. д-р Даме Димитровски / надворешен советник за животна средина и клима

Игор Николов / Надворешен советник за реформи во здравството / (со 31.01.2025г. спогодбен прекин на договор, поради именување за Амбасадор)

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница