Утрински Весник
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Ojo.webp.webp

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици.

Доколку бидат утврдени елементи на  кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон.

Можете да прочитате

Цана: Нема пациенти со стомачни тегоби поради водата во Скопје

Што значи прогласување епидемија – 24info.mk

Ѓорѓиевски се напи вода од чешма пред новинарите: Нема ешерихија коли, скопјани да бидат спокојни