Утрински Весник
Скопје

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење

Voda.webp.webp

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен систем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli.

„Како одговорна институција ја информираме јaвноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за пиење, што е нивна законска обврска, врз основа на кое би била донесена и забрана за нејзина употреба.

Граѓаните не треба да стравуваат. Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење и употреба“, велат од АХВ.

Можете да прочитате

Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци

ЈП Паркинзи на Општина Центар го унапредува работењето со меѓународни ISO стандарди

Герасимовски: Петта година по ред бесплатни ранчиња за сите првачиња во Центар