Утрински Весник
Спорт

Новото име на салата во СЦ „Борис Трајковски“ е „Т Арена“

20260729121011 big 730x400 52.webp.webp

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и Телеком договорија соработка по што големата спортска сала е ребрендирана во „Т Арена“. Целиот Спортскиот центар „Борис Трајковски“ доби нов изглед со препознатливата магента боја на „Т“ брендот.

– Ова е убав момент за нас СЦ „Борис Трајковски“ и за Македонски Телеком кој повторно е застапен овде во Арената. Покрај визуелното разубавување и на надворешниот и во внатрешниот простор ова партнерство ќе ги унапреди и подобри условите за функционирање на Т Арена. Очекувам ова да биде долгорочна соработка која во иднина ќе даде позитивни резултати. Заедно ќе работиме на привлекување нови настани од областа на спортот, културата и забавата, изјави Данијел Апостолоски, директорот на СЦ „Борис Трајковски“.

Задоволство од постигнатиот договор за соработка изрази и Горан Марковиќ, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

– Телеком веќе 25 години ги поврзува луѓето во Македонија, а со ова партнерство ќе се обидеме да донесеме нова вредност за граѓаните. Чест ни е отворањето на Т Арена да го означиме со големиот настанот кој ќе се случи на 2 септември кој ќе биде составен дел на одбележувањето на 35 години независност на Македонија. Очекувам дека во оваа арена во иднина заедно ќе славиме успеси на македонските спортисти, ќе правиме врвни музички ивенти и ќе се дружиме и забавуваме, истакна Марковиќ.

Во склоп на СЦ „Борис Трајковски“ се наоѓа и помала спортска сала, лизгалиште, базен и аква парк. Директорот Апостолоски е оптимист дека аква паркот ќе биде ставен во функција следната година, додека базенот периодов не е во функција, бидејќи е оштетен кровот од големото невреме кое го зафати Скопје мината седмица.

Можете да прочитате

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство

Клубот на Роналдо е во длабока криза, должи 200 милиони долари

Tрка од Формула 1 шампионатот ќе се одржи во Малезија наместо во Бахреин