Утрински Весник
Македонија

Голема полициска акција – пронајдено оружје и знаме на ИСИС

Policijaapsenje.jpg

На повеќе локации во Скопје утрово се вршат претреси во заедничка акција на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност.

Според информациите што ги објави „Слободен печат“, при претресите се пронајдени оружје и знаме на терористичката организација ИСИС.


Акцијата е во тек, а МВР и АНБ сè уште немаат објавено целосни информации за локациите, одземените предмети и лицата опфатени со постапката. Засега не е соопштено ниту дали има приведени и кое кривично дело се испитува.

Се очекува надлежните институции по завршувањето на претресите да објават повеќе детали за резултатите од акцијата.

Можете да прочитате

Македонија обоена за донирањето органи

Велешанка тешко повредена по пад од мотор

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт