Утрински Весник
Македонија

Платформата 12:05 за промени во СДСМ излегува на нова трибина на 26 септември!

784251917 122095517049464149 7467859688531093309 n.jpg

Платформата за промени во СДСМ ја продолжува својата активност со нова трибина посветена на 35-годишнината од независноста на Македонија. Настанот ќе се одржи на 26 септември 2026 година, со почеток во 12:05 часот, под тематскиот наслов „35 години потоа…“.

Информацијата е објавена и на Фејсбук од страна на Платформата, од каде посочуваат дека настанот ќе биде посветен на јубилејот од етаблирањето на суверена и независна Македонија.


Модератор на разговорите ќе биде проф. д-р Игор Ивановски, еден од водечките претставници на Платформата.

Од Платформата најавуваат дека ќе се задржи принципот на „Chatham House Rule“, со цел да се овозможи размена на мислења во атмосфера на доверба и меѓусебна почит.

На трибината ќе бидат отворени повеќе прашања поврзани со политичкиот и општествениот развој на Македонија во изминатите три и пол децении.

Меѓу темите се преиспитувањето на клучните предизвици од независноста до денес, сторените грешки наспроти постигнатиот напредок, како и практикувањето на власта, кое организаторите го поставуваат како „парадигма за актуелната безнадежност“.

Ќе се разговара и за неопходните промени во политичкиот систем како услов за креирање нови и подобри политики, научените лекции од минатото и можните патишта за иднината.

Една од централните теми ќе биде и идејата за „нов општествен договор“, кој Платформата го посочува како нужност за враќање на Македонија на стратешкиот колосек.

Во најавата се отвораат и неколку директни дилеми за состојбите во македонската политика и општество: „Зошто секоја следна генерација политичари е послаба од претходната?“, „Зошто сè уште живееме во општествено поделена реалност која дневната политика наметнува да се доживува како ‘наша и нивна’?“ и „Дали имаме внатрешен капацитет, волја и желба за вистински и длабоки промени?“.

„Демократската прогресивна јавност продолжува со своите активности до конечно остварување на целите“, порачуваат од Платформата во објавата на Фејсбук.

Во Платформата учествуваат поранешни и актуелни функционери на СДСМ, меѓу кои пратеничката Славјанка Петровска, градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски и лекарот Андреј Петров.

Тие во изминатиот период бараат промени во опозициската партија, вклучително и промена на актуелното раководство предводено од Венко Филипче. Од нивните досегашни јавни настапи произлегува дека се залагаат за поголемо вклучување на членството и за позиционирање на СДСМ како посилен и поефикасен коректор на власта.

Со трибината на 26 септември, Платформата ја продолжува својата јавна активност, овојпат отворајќи дебата за 35-те години независност, направените грешки и постигнатиот напредок, состојбата во политичкиот систем и можните патишта за иднината на Македонија.

Можете да прочитате

СДСМ: Хиперхлораџијата Тошковски вчера ја чистеше водата, а денеска ја мери полицијата

ДОМ: За дата-центарот не е доволно да се избере парцела – мора да се знае колку ќе нè чини и колку енергија ќе троши

Нова кривична пријава против Рамиз Мерко