Утрински Весник
Македонија

Нов протест пред Влада, се бара правда за пациентите од Онкологија

Нов протест пред Влада, се бара правда за пациентите од Онкологија

Започнаа нови протести на граѓаните на кои се бара  правда за пациентите од Онкологија.  Стотина граѓани побараа правда за сите оние кои го изгубиле животот на оваа клиника.

dobivaj vesti na viber

„Протестот од Влада ќе продолжи пред зградата на Министерството за здравство, каде што ќе побараме одговорност за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија, но и за обелоденување на информациите во врска со истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, вклучувајќи ги лицата од Министерството за здравство, како што се претходните министри, кои влијаеле за забошотување на случаевите. Повторно нагласуваме и за тоа дека измени во Кривичниот законик нема да ги аболираат инволвираните од нивните злосторства доколку ние тоа не го дозволиме“, порачаа собраните граѓани.

Неформалната група „Протест против убиствата на Онкологија“ преку соопштение најави нов протест за денеска во 18 часот и ги повикаа граѓаните да излезат вечерва пред Владата. Протести се организираат од почетокот на месец септември, а  јавноста беше згрозена од откритието на новинарите дека на Клиниката за онкологија можно е некои пациенти да не ја примале потребната терапија.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка? 

Законското решение за полагање на правосудниот испит испратено до Венециската комисија, се чека мислење