Утрински Весник
Магазин

Нов изум за оние кои мразат горчливи лекови: Направија „навлака“ за јазик

Img 5498.jpeg

Необичен производ наменет за луѓето кои тешко поднесуваат лекови со горчлив или непријатен вкус привлече големо внимание на социјалните мрежи. Станува збор за проѕирна навлака за јазик за еднократна употреба, чија цел е привремено да го намали чувството за вкус додека се зема лекот.

Навлаката се поставува директно на јазикот и создава физичка бариера меѓу лекот и површината на јазикот, со што треба да се намали контактот со рецепторите за вкус и непријатното чувство при голтањето.


Производот се рекламира како решение и за деца и за возрасни кои имаат проблем при земање сирупи, таблети или други препарати со изразено непријатен вкус.

Навлаките се за еднократна употреба и веќе можат да се најдат на интернет во пакувања со различен број парчиња.

Сепак, производот стана вирален и поради коментарите на социјалните мрежи. Покрај неговата основна намена, голем број корисници со доза на хумор го поставуваат прашањето: „За што друго може да се користи?“

Можете да прочитате

ПЕТ УТРИНСКИ НАВИКИ НА УСПЕШНИТЕ ЛУЃЕ: Еве што прават веднаш по будењето

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

Кои хороскопски знаци најтешко поднесуваат неправда?