Утрински Весник
Спорт

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

20260602185653 big 730x400 10.webp.webp

Фудбалската федерација на Норвешка (НФФ) побара денеска од Етичкиот комитет на ФИФА да го истражи доделувањето на Наградата за мир на американскиот претседател Доналд Трамп што му беше врачена од првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфантино.

Претседателот на ФИФА, Инфантино, му ја врачи на Трамп инаугуративната Награда за мир на 6 декември лани, за време на жрепката за претстојното Светско првенство.

ФИФА никогаш не обелодени детали како Трамп бил избран за оваа награда.

Неколку месеци подоцна, организацијата за човекови права „FairSquare“ поднесе жалба до Етичкиот комитет на ФИФА, тврдејќи дека Инфантино ја прекршил својата должност за неутралност со тоа што го поддржал Трамп.

На ова сега се приклучи и НФФ, која побара од Етичкиот комитет да процени дали претседателот на ФИФА ги прекршил статутите на управното тело во врска со политичката неутралност со доделување на наградата.

Претседателката на НФФ, Лизе Клавенес, изјави дека тие дејствувале независно во нивниот пристап кон Етичкиот комитет на ФИФА.

„Добивме поддршка од други асоцијации, но сами го испраќаме ова писмо“, рече Клавенес. 

Можете да прочитате

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0

Радовиш во знакот на борењето: Јубилејниот 50-ти „Македонски бисер“ ја обедини регионалната боречка елита