Утрински Весник
Свет

Норвешка ќе го уапси Нетанјаху доколку биде распишана потерница по него

1712898792 1697208682 000 33mt8c4 750x500 1.jpg

Норвешка е првата европска земја која соопшти дека ќе го уапси Нетанјаху доколку биде распишана потерница.

Норвешкиот министер за надворешни работи, Еспен Барт Еиде изјави дека доколку налогот за апсење на израелскиот премиер стане реалност, Норвешка е должна да го уапси.

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан побара од судот да издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант, како и тројца функционери на Хамас, меѓу кои и Јахја Синвар.

„Доколку тој или еден од лидерите на Хамас, кои исто така се обвинети, се појави во Норвешка, тогаш според меѓународното право ние сме должни да го сториме тоа. Истото важи и за сите земји во Европа, освен за Турција“, изјави Еиде за норвешка ТВ 2, пренесува Ал Џезира.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена