Утрински Весник
Македонија

Мицотакис од Костур и Лерин упати ново предупредување за Македонија дека патот кон ЕУ ќе биде запрен

Kiri Akos Micotakis 2 1536x864 1.jpg

Како што се засилува кампањата за европските избори, така се погласни се предупредувањата на грчкиот премиер Киријакоис Мицотакис кон Македонија. Кампањата влегува во последните две недели, а Мицотакис испраќа нови предупредувања и закани за европскиот пат на Македонија кои станаа една од главните политички теми во Грција, по инцидентот кој го предизвика при заклетвата новата претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Мицотакис се бори за гласовите на националистичката конзервативна база во Северна Грција за неговата главна цел – да освои 33 отсто гласовите, бидејќи последните анкети покажуваат дека поддршката за неговата партија Нова демократија сега е нешто под 30 проценти.

Во својот говор во Костур Мицотакис порача дека меморандумите кои произлегуваат од Договорот од Преспа нема да бидат усвоени сѐдодека новото македонско раководство не ја почитува Преспа: „Последните изјави дадени од Скопје се изјави кои се неприфатливи и за осуда. Новата влада инсистира на овој пат, кој во крајна линија не им служи на интересите на граѓаните на Северна Македонија – сакаме да имаме добри односи со нашите соседи, но тие треба да знаат дека ‘добрите сметки прават добри пријатели’ – но несреќно за нив, нивниот европски пат ќе остане затворен“.

Па додаде: „Меморандумите произлезени од Договорот од Преспа нема да бидат ратификувани додека не го сменат ставот и не дојдат на патот на логиката и патот на помирувањето. Пат по кој нашата татковина секогаш оди со самодоверба“.

Подоцна, во говорот во Лерин, Мицотакис рече дека „северните соседи избраа во овој момент да се вратат назад во времето и да го преиспитаат името на нивната земја, која е договорено преку меѓудржавен меѓународен договор“.

„Кога беше изгласан Договорот од Преспа во грчкиот парламент, Нова демократија беше против тоа. Меѓутоа, таа со апсолутна искреност рече дека не можеме да поништиме меѓународен договор. Ќе бидеме принудени да го почитуваме и да направиме најдобро што можеме со овој договор“, рече грчкиот премиер.

Тој нагласи дека „граѓаните на Северна Македонија не сакаат тензии или национализам. И посакувам и се надевам дека ќе се вразумат и ќе се вратат на вистинскиот пат. Но, сакам да ве потсетам дека реакцијата која беше универзална и итна, од Европската комисија, на неприфатливите изјави на претседателот на Северна Македонија, беше направена по наш повик“.

Можете да прочитате

Селото Луковица бара Владата да провери како Општина Желино ги потрошила државните пари за асфалтирање на патот до нивното место

Од 16 пожари на отворено во последното деноноќие изгаснати се 13, два се активни и еден е под контрола

СВР Скопје расчисти кривични дела „убиство” и „убиство во обид”, кои се случија месецов, поднесени пријави против три лица