Утрински Весник
Свет

Нобеловецот Муратов и балетската ѕвезда Баришников со повик до властите да го предадат телото на Навални на семејството

Navalni.webp.webp

Рускиот новинар, добитник на Нобеловата награда Дмитриј Муратов и балетската ѕвезда Михаил Баришников објавија видеа во кои ги повикуваат руските власти да му го вратат телото на опозицискиот лидер Алексеј Навални на неговото семејство, една недела по неговата смрт во затворската колонија.

„Само дајте ѝ го на Људмила нејзиниот син“, рече Муратов, додавајќи дека е срамно да се зборува за тоа во земја која се уште се смета себеси за христијанска.

Угледни Руси директно апелираа до претседателот на Русија, Владимир Путин, да го врати телото на Навални на неговото семејство, јави АБЦ њуз.

Мајката на Навални вчера изјави дека го видела телото на нејзиниот син и се спротивставува на големиот притисок да се согласи на таен погреб далеку од очите на јавноста. Људмила Навални рече дека инспекторите и дозволиле да го види телото на нејзиниот син во градската мртовечница.

Портпаролката на Навални, Кира Џармиш, на платформата Х изјави дека и на неговата мајка и е покажано лекарско уверение во кое се наведува дека 47-годишниот лидер на опозицијата починал од „природна смрт“.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена