Утрински Весник
Македонија

25 години од потпишувањето на Охридскиот договор

Ohridskidogovo.webp.webp

Македонија денеска одбележува 25 години од потпишувањето на Охридскиот  мировен договор потпишан меѓу тогашните најголеми политички партии во присуство на специјалните претставници од Европската унија и САД, Франсоа Леотар и Хавиер Солана и Питер Фејт и Џејмс Пердју.

Договорот беше потпишан за време на конфликтот во 2001 година меѓу македонските вооружени сили и албанската ОНА со кој се стави крај на воениот конфликт.

Преговорите траеја во периодот од јули до август и се одвиваа во вилата „Билјана“ во Охрид од каде и потекнува неговото име – Охридски договор.

Во нив учествуваа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски, тогашниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски, тогашниот претседател на ПДП Имер Имери и тогашниот претседател на ДПА Арбен Џафери.

Во очи на годишнината вчера Министерството за односи со заедниците организираше панел дискусија од која беа испратени пораки за продолжување на реформите, зајакнување на децентрализацијата, владеење на правото и европската интеграција.

Одбележувањето продолжува и денес, а Демократската унија за интеграција предводена од Али Ахмети организира посебна прослава насловена „25 години од Охридскиот мировен договор – наследството, предизвиците и иднината“ во хотелот Александар Палас во Скопје.

Можете да прочитате

Муцунски: Европскиот пат мора да биде предвидлив, достоинствен и заснован на европски критериуми

ВЛЕН: ДУИ го користеше Охридскиот договор како личен банкомат

ЛДП: Додека се шири западнонилската треска, институциите молчат – кој ќе одговара?