Утрински Весник
Македонија

Николовски: Делницата Прилеп-Битола до 2029 ќе стане автопат

Img 3736.jpeg

Министерот за транспорт, Александар Николоски, во интервју за емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk најави дека по повеќе од една деценија изградба, автопатот Кичево-Охрид конечно влегува во својата завршна фаза и дека граѓаните до крајот на оваа или почетокот на следната година ќе можат да возат по оваа делница.

Според Николоски, Владата во изминатиот период се соочила со сериозен финансиски предизвик откако кинеската „Ексим банка“ одбила да го ослободи преостанатото финансирање од 175 милиони евра.


„Имавме класична опструкција, но веќе активиравме сценарио ‘Б’. Финансирањето ќе го преземат домашните комерцијални банки, кои веќе покажаа интерес. Не дозволивме овој удар да се почувствува на терен“, изјави Николоски.

Тој потенцираше дека и покрај бројните поскапувања и пролонгирања, автопатот Кичево-Охрид со цена од околу 13,5 милиони евра по километар сè уште е најевтиниот автопатски проект што моментално се реализира во земјава.

Како споредба, Николоски ги посочи проектите Скопје-Блаце и Кичево-Букојчани, каде трошоците, според него, надминуваат 21 милион евра по километар.

Паралелно со активностите на автопатот Кичево-Охрид, министерот најави и интензивирање на работите на делницата Прилеп-Битола, посочувајќи дека веќе следната година граѓаните ќе возат по нов асфалт, а до 2029 година овој патен правец треба целосно да прерасне во модерно автопатско решение.

Можете да прочитате

Николовски: Рекорден старт на годината – Над 74% реализација на капитални инвестиции

Приведен 79-годишен скопјанец, допирал малолетна сосетка

Ја тепал и давел сопругата, па и го скршил телефонот обезбедувачот на Мицкоски