Утрински Весник
Македонија

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево ќе го завршиме во рокот

Nikoloski.webp.webp

Рокот за завршување на автопатот Охрид-Кичево е мај следната година, јас очекувам да биде и пред рокот бидејќи активностите одат многу добро, истакна вицепремиерот Александар Николоски во интервјуто за ТВ Сител.

“Веќе имаме пуштено траса од 37 километри од вкупно 57 километри, очекувам во текот на летото да имаме и други функционални километри и во рамки на рокот да биде завршен целиот автопат. Имаше бројни проблеми, реков ќе зборувам за проблемите кога ќе го завршиме. Сега се решени проблемите и најважно е што ова е првата Влада која се посветни на овој проект. Мислам дека прашањето не е само математичко туку е филозофско, често и јас говорам дека овој автопат се гради 12 години, но во суштина не се гради повеќе од 2 години, ако сакаме да бидеме реални”- потенцира Николоски.


Можете да прочитате

СДСМ: Уште 10 дена до рокот за реформите кои Мицкоски нема да ги исполни

Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди