Утрински Весник
Балкан

Црна Гора обележува 20 години од обновената независност

Crna gora2.webp.webp

Црна Гора денес одбележува 20 години откако на референдум ја обнови својата државна независност, а според анкетите на јавното мислење, денес околу 70 проценти од граѓаните би ја поддржале идејата за независна Црна Гора.

На референдумот гласаа 86,5 проценти од вкупниот број гласачи. 55,5 проценти ја поддржаа независноста, додека 44,5 проценти од граѓаните беа за останување во заедничка држава со Србија.

Кампањата за независност ја водеше лидерот на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ. Референдумското прашање беше:

„Дали сакате Република Црна Гора да биде независна држава со целосен меѓународен правен субјективитет?“

Референдумската кампања се одржа во атмосфера на тензии меѓу поддржувачите на Блокот за независна Црна Гора и просрпските партии собрани во Блокот за заедничка држава со Србија. Малцинските народи беа дел од блокот за независност.

Дваесет години по референдумот, Црна Гора е меѓународно призната држава, членка на НАТО и „следен“ кандидат за членство во Европската Унија, но и земја со длабоки поделби и силно влијание на Српската православна црква.

Во првиот ред на синоќешниот прием, организиран од премиерот Милојко Спајиќ, беа оние кои на референдумот се залагаа за заедничка држава со Србија, а кои денес држат некои од најважните функции. Меѓу нив е, особено, претседателот на Парламентот и лидер на Новата српска демократија, Андрија Мандиќ.

„Конечно дојде моментот сите заедно да кажеме: Европо, се враќаме. Среќна иднина ти, помирена Црна Гора“, рече тој пред приемот.

На прославата не присуствуваше српскиот претседател Александар Вучиќ.

Можете да прочитате

Петер Маѓар предложи проширување на Вишеградската група и со земјите од Западен Балкан

Пет земји членки на ЕУ предлагаат постепена интеграција на Западен Балкан во единствениот пазар

Суспензија за полицајци во Косово – биле затекнати голи во службено возило