Утрински Весник
Македонија

Средба на Џафери со европратениците Ќучук и Валсман во Брисел

Средба на Џафери со европратениците Ќучук и Валсман во Брисел

Денес во Брисел, претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари средба со европратениците, Илхан Ќучук и Марион Валсман.

dobivaj vesti na viber

На средбата претседателот Џафери ги запозна Валсман и Ќучук со тековните состојби во Собранието, работата на комисиите и текот на дебатата на пленарните седници, како и за активностите кои што се планирани во насока на усвојување на предлог закони до крајот на годинава. Претседателот се осврна и на средбите на Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне, која што остварува средби самостојно, без присуство на европратениците и ги извести за постигнатиот напредок во рамките на тие средби кои се фокусирани на усогласување на консензуален Деловник за работа на Собранието.

Во овој контекст, европратениците се согласија со претседателот дека клучна алатка за демократските процеси е постоењето на добро структуриран Деловник, кој што ќе овозможи да се слушне мислењето на сите учесници во процесот на донесување одлуки, без разлика на владејачкото мнозинство и кој нема да биде алатка за ограничување или блокирање нa законодавната постапка, особено не на усвојувањето на законите кои се во интерес на граѓаните; затоа што граѓаните се уморни од трошење на време и чекање за да се реализира конечната цел – европски стандарди во Република Северна Македонија.

Во однос на регионалната соработка, претседателот Џафери го потенцираше вниманието кое се посветува на Берлинскиот процес и Резолуциите на Европскиот парламент, а во светло на последната Резолуција на ЕП се осврна на иницијативата Отворен Балкан, која се гледа како полезна платформа за економска соработка и намалување на разликите меѓу соседите, а не како замена за Берлинскиот процес.

Во однос на глобалните геополитички состојби, претседателот Џафери го подвлече приклучувањето на Северна Македонија кон сите одлуки и санкции на ЕУ против Руската Федерација и дека согласно своите државни капацитети ги поддржува сите одлуки и активности на НАТО кои произлегуваат од нашето полноправно членство.

Европратениците имаа прашања во однос на процедурата за усвојување на уставните измени, согласно Договорот со Бугарија, за односите меѓу политичките партии во Собранието и очекувањата на учесниците во Работната група во однос на временската рамка за финализирање на нацрт – текстот на новиот Деловник и искажаа безрезервна поддршка за забрзување на преговарачкиот процес со ЕУ.

Можете да прочитате

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“

Изречена казна затвор од една година во првата осудителна пресуда во Македонија за говор на омраза врз основа на сексуална ориентација