Утрински Весник
Свет

„Не ти е ова Дизни“ – луѓето бесни на маж кој продаваше сладолед пред вратата на смртта во Аушвиц

„Не ти е ова Дизни“ – луѓето бесни на маж кој продаваше сладолед пред вратата на смртта во Аушвиц

Пред поранешниот нацистички логор на смртта Аушвиц е поставено комбе што продава сладолед.

dobivaj vesti na viber

Потегот предизвика остри осуди од музејот во Аушвиц и реакции дека е невкусно и претставува непочитување на симболот на злото. Човекот со комбе со сладолед и вафли, паркирал својата мобилна продавница буквално пред влезот во кампот, т.е. до таканаречената „Врата на смртта“.

Во близина поставил и пренослив тоалет со лого „Ледена љубов“.

Портпаролот на музејот, Павел Савицки, рече: „Ова е пример не само за естетски невкус, туку и за непочитување на блискиот посебен историски локалитет. Сепак, тој се наоѓа надвор од заштитната зона на Меморијалот на Холокаустот, па за жал немаме никакво влијание врз тоа. Веруваме дека надлежните локални власти ќе го решат овој непријатен проблем“.

Еден од жителите, цитиран од локалните медиуми, изјави дека комбето со сладолед во овој контекст покажува „непочит кон мртвите. На крајот на краиштата, тоа се најголемите гробишта во светот!

Друг изјави за Дејли Мејл: „Аушвиц не е тематски парк. Тоа не е камп на Дизни каде што на луѓето може да им се дозволи да шетаат и да јадат вафли, виршли или сладолед пред, за време или откако ќе ги доживеат ужасите што се случија овде. Живеете секој ден во сенките на оваа ужасна историја“.

Можете да прочитате

Германската министерка за надворешни работи и Нетанјаху се скараа поради фотографии од пазарите во Газа

Блинкен: Америка е посветена на безбедноста на Израел, но не беше вклучена во нападот врз Иран

Најмалку 29 повредени кога траект од Капри удри во пристаништето во Неапол