Утрински Весник
Спорт

„Не би можел ни кафе да испијам со Новак“ – славниот француски тенисер Ноа откри дека не е фан на Ѓоковиќ

„Не би можел ни кафе да испијам со Новак“ – славниот француски тенисер Ноа откри дека не е фан на Ѓоковиќ
Ss2

Поранешниот шампион на „Ролан Гарос“, францускиот тенисер Јаник Ноа, не крие дека не е фан на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

dobivaj vesti na viber

Во интервјуто кое го даде за аргентинскиот „Ла Насион“, легендарниот Французин изјави дека не би ни пиел кафе со Новак.

Ss1

„Ѓоковиќ? Не го чувствувам близок, не знам зошто. Федерер и Надал имаат поголема харизма. Навистина не ме привлекува неговата игра. Кога ќе освои меч поен, не се поврзувам со него. Живеам во Монмартр, шетам и некој ќе ми довика: „Еј Јаник, сакаш да пиеш кафе со мене?“ И тогаш се прашувам зошто луѓето сакаат да се поврзат. Со Ноле не сум сигурен дека тоа ќе се случи“, искрен е Јаник.

Тој има сосема поинакво мислење за најголемите ривали на Новак, Федерер и Надал.

„Федерер беше уметник. Тешко е да се преживее во таков моќен и физички тежок спорт и да се биде уметник, што беше доблест на Роџер. Му се восхитувам на тоа. Тој правеше работи со рекетот што никогаш не сум ги видел. Род Лејвер направи нешто слично, Џон Мекинро, но Федерер направи се што направија другите великани и многу повеќе“, рече Ноа.

Потоа следеа бројни пофалби за Надал, кој според него е најдобар на сите времиња.

„Од играчите од големата тројка, Рафа најмногу ми се допаѓа, бидејќи ги почитува собирачите на топки, таксистите, сите оние кои не се гледаат каде што нема камери. Ако погледнете се што не се мери, Рафа е број еден без конкуренција. Освои 22 Слема и сè уште е скромен како и секогаш. Затоа е мојот омилен меѓу тројцата“, смета Французинот.

Ss1

Можете да прочитате

Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та 

Клоп по поразот од Евертон: Борбата за титулата во моментов не е во наши раце

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп