Утрински Весник
Спорт

Навивачи на Брајтон пред мечот со Рома избодени и ограбени во Рим

Thumbs b c cf284d9fa646f328d9ca37ac78feae61.jpg

„Скај Спорт Италија“ јавува дека двајца навивачи на англискиот фудбалски премиерлигаш Брајтон во пресрет на натпреварот од осминафиналето во Лига Европа со Рома, синоќа биле избодени со ножеви на улиците во Рим, а потоа и ограбени. „Двајца фудбалски навивачи беа нападнати на улица од шест-седум маскирани лица“, изјави портпаролот на полицијата. Двајцата мажи се на возраст од 28 и 29 години, кои успеале да се засолнат во ресторанот што се наоѓал во близина, од каде што еден од вработените повикал брза помош. На нападнатите навивачи им биле украдени торбите во кои имале пари и лични документи, истрагата на полицијата е во тек. Навивачите биле пренесени во болница, не се во животна опсаност.

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја